80
Неверојатен погодок во Ирак привлече вниманието на љубителите на најважната споредна работа, а веќе се најавува како сериозен кандидат за наградата „Пушкаш“, која му се доделува за најубавиот гол во годината.
Невроз славеше со 2-0 против Ал Мина, а херој на натпреварот беше Хабиб Уеслати, кој ги постигна двата гола за својот тим. Сепак, првиот погодок беше вистинско ремек-дело.
Во 33. минута, Уеслати со фантастични ножички од околу 20 метри ја испрати топката во мрежата, оставајќи го противничкиот голман без никакви шанси за интервенција.
🤯🤯 The Tunisian player Habib Oueslati, playing for Newrouz SC in the Iraqi League, scored a magnificent goal. https://t.co/E2trhhT7mq
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 16, 2026