Катастрофа за Италијанците во ЛШ: Вакво нешто никогаш претходно не им се случило

by Стефан
1 минути читање

Италијанските клубови во Лигата на шампионите со поразите оваа недела поставија негативен рекорд. За првпат досега, екипите од Серија А претрпеа четири порази во едно коло од најелитното европско фудбалско натпреварување.

Во вторникот, италијанскиот шампион Интер неочекувано загуби на домашен терен од белгискиот првак Бриж со 3-4. Покрај тоа, „нерааѕурите“ за првпат од 2010 година примија три гола на „Меаца“ од еден фудбалер, Никола Тресолди, откако претходно истото му успеа на Герет Бејл во дресот на Тотнем.

Во исто време, второпласираниот Наполи по пресврт загуби со 1-3 од шпански Виљареал. Така, двата италијански клуба сега имаат по два порази во Лигата на шампионите. Интер во првото коло загуби од шпанскиот гигант Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 1-2, додека Наполи беше поразен од англискиот шампион Арсенал со 0-1.

Во средата, во попладневниот термин, Комо загуби од холандски Феенорд со 2-3. Тимот на Сеск Фабрегас досега ја оствари единствената победа за Италија во Лигата на шампионите оваа сезона, откако во првото коло на домашен терен го совлада германски Лајпциг со убедливи 4-1.

Во вечерниот термин стигна и четвртиот италијански пораз во два дена. Рома на „Олимпико“ имаше предност од 3-1 против Реал Мадрид, но во финишот прими три гола и на крајот загуби со 3-4. Претходно, „волчицата“ успеа да освои бод на гостувањето кај Фенербахче, играјќи 1-1.

Билансот на италијанските клубови во Лигата на шампионите оваа сезона е загрижувачки: една победа, едно реми и дури шест порази.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×