Класа: Нестор за Славен Белупо постигнал четири идентични евроголови! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот напаѓач блеска во дресот на Славен Белупо, а клубот со посебна порака му оддаде признание за неговите атрактивни погодоци.

Илија Несторовски игра во одлична форма во дресот на Славен Белупо и уште еднаш потврдува дека голгетерскиот инстинкт не исчезнува. Македонскиот напаѓач по девет кола во првенството има седум постигнати голови и се наоѓа меѓу најдобрите стрелци во хрватскиот шампионат. Повеќе голови од него има само Бељо од Динамо Загреб.

Импресивна е и неговата статистика кога ќе се пресметаат настапите во Купот. На вкупно десет натпревари, Несторовски девет пати ја тресеше противничката мрежа, што значи дека постигнува гол во просек на секои 78 минути.

Сепак, во Славен Белупо забележаа уште еден интересен податок поврзан со македонскиот голгетер. Во период од нешто повеќе од една година, Несторовски постигнал дури четири евроголови на идентичен начин, потег што очигледно добро му е познат на искусниот напаѓач.

„Не еднаш, не двапати или трипати, туку четири пати! И сето тоа за нешто повеќе од една година. Мајстор си е мајстор, а класата е вечна! Господинот Илија!“, порачаа од Славен Белупо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×