„Каталонците“ имаат перфектен старт на сезоната со десет победи во сите натпреварувања, но не се сите среќни на „Камп Ноу“, Алехандро Балде сака да ја промени средината.
Барселона игра фантастично на стартот од новата сезона, има десет победи на десет натпревари и повеќе од четири гола во просек по меч.
Ханси Флик одлично ги склопи коцките, но не сите се среќни на „Камп Ноу“.
Како што пренесува весникот „Спорт“, Алехандро Балде сериозно размислува да ја напушти Барса и веќе го известил својот агент Жорж Мендеш да почне да му бара нов клуб.
Левиот бек и изминатово лето беше на излезна врата, но реши да остане и да се бори за место. Но доби само 12 минути игра, Еспарт и Кансело имаа предност во конкуренцијата за место во тимот, па Алехандро Балде сака да ја промени средината уште во јануари.