Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Хетафе размислува за нова трансфер бомба и ангажман на Џејдон Санчо, кој е слободен играч по разделбата со Манчестер јунајтед.
Хетафе изминативе денови крена голема прашина на трансфер пазарат откако успеа да го ангажира Дани Карвахал.
Но малиот клуб од Мадрид нема намера да застане тука, последните информации велат дека Хетафе подготвува уште една трансфер бомба.
Тренерот Хозе Бордалас сака засилување за крилните позиции, а претседателот на клубот, Анхел Торес сака да го донесе Џејдон Санчо.
Идејата е да се повтори успешниот потег со Мејсон Гринвуд, кој пристигна во Хетефе во период кога се обидуваше да ја стабилизира кариерата по проблематичен личен и професионален период, и блесна во шпанското првенство.
Па Анхел Торес сега се надева дека Џејдон Санчо би можел да ја оживее кариерата во Хетафе, и на „Колосеум“ повторно да се врати во врвна форма.
Во моментов нема конкретен договор, најголем проблем е платата на Џејдон Санчо, финансиските барања на Англичанецот би можеле да бидат преголем товар за Хетафе и правилата на Ла Лига.
ФОТО: X/Getafe C.F.