236
Во Реал Мадрид повторно ќе бидат бесни, овојпат за одлуката за висината на суспензија за Винисиус Жуниор поради црвениот картон заработен против Виљареал.
Винисиус доби четири натпревари суспензија за влечењето за коса на противничкиот фудбалер. Низ медиумите се прогнозираше со два или три мечеви, но одлуката е да паузира на следните четири дуели во Ла Лига.
Тоа значи дека дефинитивно ќе го пропушти Ел Класико мечот против Барселона, а нема да биде во комбинација ниту за дуелите против Севиља, Расинг и Валенсија.
Се очекува Реал Мадрид да се жали на оваа одлука и да побара намалување на казната.