Се појавија првите најави: Еве кога може да ја дознаеме пресудата за Сити

by Стефан
1 минути читање

Случајот против Манчестер Сити, кој со години ја бранува англиската фудбалска јавност, би можел да добие разрешница на почетокот на следната година. Ова го најави Дејвид Коган, првиот човек на Независното регулаторно фудбалско тело, посочувајќи дека конечната одлука по жалбата на „граѓаните“ би можела да биде позната во јануари.

По повеќе од четири години разгледување на случајот, независната комисија го прогласи Манчестер Сити за виновен по 114 од вкупно 115 точки од обвинението за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата. Клубот од „Етихад“ и понатаму ги отфрла обвинувањата и инсистира дека не направил ништо погрешно, поради што поднесе жалба на одлуката.

Сега останува да се види каков ќе биде исходот од жалбената постапка, која би можела да има сериозни последици за англискиот шампион.

„Премиер лигата соопшти дека сака целиот случај да биде завршен во текот на оваа сезона. Сепак, за тоа не може да одлучува самата лига, туку независната комисија, составена од тројца пензионирани судии и адвокати.

Според прописите, процесот мора да биде завршен во рок од 12 недели, па се претпоставува дека до средината на јануари би можеле да ги имаме сите информации. Но, ова не е процес за кој одлучуваме ние, туку независната комисија. Затоа, сметам дека не треба да претпоставуваме ништо додека не добиеме јасни информации. Сити тврди дека поседува одреден вид докази, па треба да видиме за што станува збор.

Не е наша работа да тврдиме што било додека процесот не заврши, но верувам дека сè ќе ни биде познато на почетокот на следната година“, изјави Коган во програмата на „Тајмс радио“.

Одлуката по жалбата се очекува со големо внимание, бидејќи исходот од овој долгогодишен случај може да има значително влијание врз Манчестер Сити, но и врз целокупниот фудбал на Островот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×