Потегот на Виктор Осимен по натпреварот меѓу Галатасарај и Барселона привлече големо внимание, но причината не беше поврзана со фудбалот. Нигерискиот напаѓач, по поразот на својот тим во Лигата на шампионите, имаше една молба до младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.
Галатасарај на домашен терен во второто коло од Лигата на шампионите загуби убедливо со 4-1, а по последниот судиски свиреж Осимен го побара Јамал во тунелот на стадионот.
Снимката од таа ситуација брзо се рашири на социјалните мрежи и на неа се гледа како Осимен му приоѓа на Јамал, го фаќа за рака и го води до својата сестра, која сакала заедничка фотографија со фудбалерот на Барселона.
Потоа нигерискиот напаѓач ја презеде улогата на фотограф, го зеде мобилниот телефон на својата сестра и ѝ ја исполни желбата.
📸 | Victor Osimhen called Lamine Yamal over to take a photo with his sister, and he took the picture himself. 🥰❤️ https://t.co/UnhCYtBXDI
— Access Yamal (@AccessYamal) October 13, 2026