135
Ламин Јамал одигра одличен натпревар против Галатасарај во Истанбул, а дополнителна мотивација за шпанскиот репрезентативец сигурно беше изјавата на Марио Лемина пред дуелот.
Лемин од некоја причина одлучи да се прави дека не знае за кого станува збор сакајќи да ја провоцира ѕвездата на Барселона.
„Ламин Јамал? Кој е тој? Не го познавам. Знам кој е Лерој Сане“, изјави Лемина.
Одговорот на Јамал беше брутален, запиша две асистенции од кои едната беше по маестрален дриблинг, а на крајот беше избран и за играч на мечот.
Не заборави Јамал и да му испрати порака на Лемин.
„Дали сега ме познава “, напиша под објавата.