Карагер го нападна фудбалерот платен 125 милиони евра: Очекував да биде како Де Брујне!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и актуелен стручен коментатор на „Скај Спорт“, Џејми Карагер, упати сериозни критики кон Флоријан Вирц по убедливиот домашен пораз на „црвените“ од Манчестер Сити со 0-3 во осмото коло од Премиер лигата.

Германскиот офанзивен играч за врска пристигна на „Енфилд“ од Баер Леверкузен во летото 2025 година за сума од 125 милиони евра, но според Карагер, сè уште не го покажал квалитетот што се очекува од фудбалер со таква цена. Поради тоа, поранешниот дефанзивец смета дека Вирц повеќе не треба да има загарантирано место во стартниот состав.

„Дали тој некогаш доминирал на некој натпревар за Ливерпул?“, запраша Карагер, признавајќи дека очекувал многу повеќе од германскиот репрезентативец.

„Мислев дека би можел да биде како Кевин Де Брујне, играч кој знаеше да му донесе предност на Манчестер Сити во клучните моменти“, истакна тој.

Карагер смета дека Вирц добил доволно можности да го покаже својот потенцијал, но досега не успеал да ги исполни очекувањата. Од неговото пристигнување во Ливерпул, Германецот одиграл 56 натпревари, на кои постигнал седум гола и забележал 11 асистенции.

Дополнителен проблем за Ливерпул е недостигот на креативност во офанзивната фаза, како и тешкотиите при создавањето шанси и реализацијата. Вирц беше доведен токму со цел да внесе дополнителна креативност во играта на тимот, но засега не ги оправдува очекувањата.

„Мислам дека мора да биде изоставен од тимот“, дециден беше Карагер, кој воедно нагласи дека Рајан Гравенберх заслужува место во средниот ред.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×