Во интервју за „Си-Ен-Ен“, Кристијано Роналдо меѓудругото вели дека тој е најдобриот и најкомплетниот фудбалер на сите времиња.
Не е првпат Роналдо самиот за себе да рече дека е најдобар, па така е и овојпат.
„Луѓето не го ценат тоа што го правам сега. Повеќе се загрижени за тоа уште колку голови ми преостануваат за да стигнам до 1.000. Тоа не ми се допаѓа. Работите мора да се случуваат природно. Без разлика дали ќе постигнам 920, 925 или 930 голови…“, вели Роналдо.
„Јас сум најдобриот во историјата. Точка. Кога станува збор за постигнување голови, бројките зборуваат сами за себе. Нема да кажам дека морам да стигнам до 1.000 голови. Ако стигнам, фантастично.“
„Ако некој повеќе го претпочита Меси, Пеле или Марадона, тоа е прашање на личен вкус. Јас го почитувам тоа.
„Но, да се каже дека Кристијано Роналдо не е комплетен играч е лага. Јас сум најкомплетниот играч“.