Милан одигра 1-1 на гостувањето кај Сасуоло и не ја искористи шансата која се создаде по ремито на ривалите за пласман на високите позиции во Серија А.
Повеќе од еден час требаше за да биде отворен резултатот на овој меч. Погоди Рабио во 63. минута по асистенција од Модриќ.
Но, многу кратко траеше предноста на Милан, пет минути подоцна Одентал постигна гол за 1-1. Тој најдобро се снајде во една мешаница, во која не реагираа најдобро гостинските играчи.
До крајот на мечот Сасуоло имаше повеќе шанси за победа отколку Милан.