Поранешниот фудбалер на Барселона, Кристијан Тељо, смета дека Ламин Јамал не би можел да биде ниту во стартниот тим на тимот од 2012 година.
Тељо направи споредба меѓу актуелната генерација на Барселона и на онаа која настапуваше пред повеќе од една деценија.
„Мислам дека не би бил стартер. Би му било многу тешко да се избори за тоа место. Верувам дека со текот на времето би го достигнал нивото на кое игра денес, но во тој момент тоа би било исклучително комплицирано“, изјави Тељо за шпанскиот весник „Спорт“.
Конкуренцијата во нападот на Барселона во 2012 година навистина беше импресивна. Во тимот беа Лионел Меси, Давид Виља, Педро Родригез и Алексис Санчез, фудбалери кои имаа огромно влијание врз играта на каталонскиот клуб.
Особено доминантен беше Меси, кој календарската 2012 година ја заврши со неверојатни 91 гол во сите натпреварувања, поставувајќи рекорд кој и денес претставува еден од најголемите индивидуални достигнувања во фудбалот.