Руи Пинто, човекот кој стои зад проектот „Фудбал Ликс“, чии документи беа клучни за покренување на истрагата против Манчестер Сити најави дека ќе ја напушти Португалија и ќе замине на непозната локација, откако португалските власти одлучија да му ја укинат полициската заштита. Пинто тврди дека добил бројни смртни закани и дека му се заканува сериозна опасност од атентат.
Пинто беше вклучен во португалската програма за заштита на сведоци од 2020 година, откако се согласи да соработува со властите и да ги предаде материјалите собрани во текот на неговата работа.
Сега бил известен дека заштитата ќе му биде укината на 10 октомври. Оваа одлука доаѓа набрзо откако беше објавена пресудата со која Манчестер Сити беше прогласен за виновен за сериозни прекршувања на финансиските правила на Премиер лигата.
„Немам друг избор освен на неопределено време да се преселам на непозната локација“, изјави Пинто.
Како причини за овој потег ги наведе бројните смртни закани што ги добил, како и она што го опишува како сериозен ризик од обид за атентат.