29
Eкипата на Скопје го промовираше Иван Варадиновски за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа на местото на Муарем Муарем, кој досега ја предводеше екипата.
Варадиновски во новиот ангажман нема да биде сам. Во стручниот штаб ќе му помагаат Иван Настевски и Јасмин Мециновиќ, кои пристигнуваат заедно со него.
Последниот ангажман на Варадиновски беше на клупата на Новаци, а претходно работеше и во Кожуф, Детонит, Саса и Пехчево.
За Варадиновски ова ќе биде ново поглавје во кариерата, бидејќи ангажманот во Скопје ќе му биде прв како тренер во Првата македонска фудбалска лига.