Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи и соопшти дека решил да го напушти кампот на репрезентацијата на Португалија, најави дека во следниот период ќе објасни зошто се решил на еден ваков чекор.
Бомба од Копенхаген, Кристијано Роналдо ја напушта репрезентацијата на Португалија.
И покрај тоа што селекторот Жорж Жесус на средбата со новинарите рече дека ЦР7 ќе тренира со соиграчите, напаѓачот не се појави на тренингот, и кратко по крајот на прес конференцијата на селекторот го напушти стадионот.
Се појавија и информации дека приватниот авион на Кристијано Роналдо е на пат кон Копенхаген, ова беше протолкувано како знак дека фудбалерот ќе го напушти кампот, и токму тоа сега е потврдено.
„По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Фудбалската федерација на Португалија, решив да го напуштам кампот на репрезентацијата“ – се вели во објавата на Роналдо на социјалните мрежи.
„Кога ќе дојде вистинскиот момент, на португалската јавност ќе ѝ ја откријам вистината за причините поради кои одлучив да ја напуштам репрезентацијата, на која секогаш сум ѝ бил целосно посветен“.
„Сега е време да ѝ посакам среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“