Тензија во Португалија: Итен состанок поради однесувањто на Роналдо!

by bojan
1 минути читање

Кристијано Роналдо повторно е во центарот на вниманието во Португалија, откако не влезе во игра против Норвешка, капитенот не се појави на вчерашниот тренинг на репрезентацијата.

Пред една недела Кристијано Роналдо порача дека ќе направи сè што ќе побара од него селекторот и дека е подготвен да игра, да биде заменет или дури и да остане на клупата.

Но, по само еден натпревар, ситуацијата се промени.

Против Норвешка, Жорж Жезус го остави Кристијано Роналдо на клупата цели 90 минути, одлуката очигледно не му се допадна на Португалецот, кој пред камерите не го криеше незадоволството.

Селекторот по мечот откри дека првично планирал да го внесе напаѓачот во игра, но во текот на натпреварот ја променил одлуката.

Ситуацијата дополнително се вжешти вчера, Кристијано Роналдо се појавил на стадионот „Еледа“ пред тренингот, но по краток разговор со Жорж Жезус се вратил во хотелот. Од федерацијата објаснуваат дека на стадионот немало соодветни услови за неговиот индивидуален тренинг па тој решил да ја користи теретаната на хотелот.

И додека Жезус уверува дека нема конфликт со Роналдо, португалските медиуми објавуваат дека претседателот на федерацијата, Педро Проенса итно го менува својот распоред, па наместо да натпреварот на репрезентацијата до 21 година против Гибралтар, тој се упатил кон Скандинавија на итна средба со селекторот и капитенот за да ги испегла работите и да не дозволи поголем конфликт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×