Салах од камен, направи туристичка атракција! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Навивачите на Трабзонспор лудуваат по Мохамед Салах, особено по хет-трикот кој го постигна против Галатасарај со кој си го потврди статусот на „Бог“ меѓу фановите во Турција.

Но, какви димензии има неговата популарност во Турција најдобро зборува неговиот случај со каменот.

Салах на социјалните мрежи објави слика како седи на еден обичен камен некаде во Турција.

Многу брзо Турците почнаа да го посетуваат тој камен, да седнуваат на него и да се сликаат. Каменот буквално стана туристичка атракција. Лудо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×