Арсими со тежок пораз се враќа од Струга!

by riste
1 минути читање

Струга го победи Арсими со 6-0 во претпоследниот натпревар од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), интересно на овој меч речиси еден час беше почетниот резултат.

Стружани ја оправдаа фаворитската улога, а откако го скршија отпорот на Арсими, немилосрдно ја наполнија неговата мрежа.

Струга даде гол и во првото полувреме, но тој погодок им беше поништен, па со резултат од 0-0 се замина на одморот.

Конечно во 57. минута Радески го отвори натпреварот, Струга поведе со 1-0.

Пет минути подоцна се случи клучниот момент кој влијаеше врз крајниот резултат. Мислими доби втор жолт картон, Арсими остана со фудбалер помалку.

Тоа го искористи Струга и почна дава голови како на филмска лента. Уште два погодоци постигна Радески и запиша хет-трик. По еднаш погодија Алији, Рочи и Шабани.

По осум одиграни кола Струга е на второто место со два бода помалку од Шкендија, Арсими е седми со осум бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×