Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, има убави зборови за својот нов тренер, Жозе Мурињо.
Мурињо има солиден почеток на клупата во Реал Мадрид. Се пишува дека тој создал единствно меѓу играчите кое го немало претходно. Сите фудбалери кои ги има на располагање го слушаат, ги исполнуваат неговите задачи и имаат иста цел, да победуваат.
Пофалби за Мурињо стигнаа и од Мбапе.
„Жозе Мурињо е нешто поразлично. Тој е еден од најинтелигентните луѓе кои сум ги запознал во животот. Знае како да менаџира, тој е лидер“, вели Мбапе.
Реал Мадрид засега има само еден пораз, оној од Бетис поради кој има три бода помалку од Барселона.
Во следното коло Реал Мадрид му гостува на Атлетико Мадрид и тоа ќе биде вистински тест за кралскиот клуб под водство на Мурињо.