4
Младинската екипа на Брера Струмица со 3-0 ја победи екипата на Санта Колома од Андора во првиот меч од Лигата на шампионите.
Ова е историски триумф бидејќи е прв на македонски тим во младинската Лига на шампиони.
Во првото полувреме немаше голови, натпреварот беше отворен во 57. минута со гол на Глигор Бучков.
Истиот фудбалер зголеми на 2-0 во 80. минута, а точка на мечот стави Филип Кулески на три минути пред крајот на мечот.
Реваншот меѓу Брера и Санта Колома се игра на 14 октомври од 15 часот.