УЕФА во последен миг донесе промени во Лигата на нации, еве што значи тоа за Македонија

by bojan
1 минути читање

Пред стартот на новата сезона во Лигата на нации, европската куќа на фудбалот донесе промена на правилата кога се во прашање промоциите и испаѓањето.

УЕФА во мај месец најави дека Лигата на нации од сезоната 2028/29 ќе добие нов формат, наместо досегашните четири, ќе има три лиги со по 18 репрезентации.

Па извршниот комитет на УЕФА вчера одобри измени во системот на промоција и испаѓање во Лигата на нации за сезоната 2026/27, со цел да се овозможи непречена транзиција кон новиот концепт.

За Македонија, која оваа сезона ќе игра во Лига Б, промените значат поголема шанса за пласман погоре, како и помала шанса за испаѓање во понизок ранг.

Според новите правила, победниците на групите во Лига Б обезбедуваат директен пласман во Лига А, додека второпласираните ќе играат бараж против двете најслабо третопласирани, и две четвртопласирани репрезентации од Лига А.

Ниту една репрезентација од Лига Б нема директно да испадне, туку четирите последнопласирани селекции ќе играат баражи против второпласираните од Лигата Ц.

Промени ќе претрпат и квалификациите за европските и светските првенства, ќе бидат поделени на Лига 1 и Лига 2. Во Лига 1 ќе настапуваат 36 репрезентации од Лига А и Лига Б во Лигата на нации, ќе бидат поделени во три групи со по 12 тимови. Секоја селекција би одиграла шест натпревари. Останатите 18 или 19 репрезентации би ја сочинувале Лига 2, која ќе функционира по истиот принцип како Лига Ц од Лигата на нации.

Беше најавено дека конечниот предлог за деталниот формат треба да одобрен на Извршниот комитет на УЕАФ во септември, па се очекуваат повеќе информации во следните денови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×