Мурињо го посочи главниот проблем на Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

По драматичната победа од 2-3 на гостувањето кај Елче со гол во судиското продолжение, Жозе Мурињо го посочи главниот проблем на Реал Мадрид, смета дека неговите играчи го „бараат полесниот пат“.

Малку фалеше „кралевите“ да направат од готово вересија против Елче, имаа водство од 0-2 во првото полувреме, но во вториот дел не успеаја да го дотолчат противникот, па домаќините се вратија и изедначија на 2-2.

Младиот Карлос Еспи повторно се покажа како џокер од клупата и со гол во 91. минута донесе драматична победа од 2-3.

„Проблемот е очигледен… Има натпревари за кои мислиме дека се завршени, а всушност не се. Единствено објаснување што можам да го најдам е дека станува збор за натпревари кои ни изгледаат лесни, но не успеваме навреме да ги решиме. И тогаш, од нешто што изгледа лесно, доаѓаме до ситуација во која веќе немаме контрола“ – вели Жозе Мурињо.

„Како да од ситуација во која се ни беше лесно, затоа што навистина беше лесно, преминавме во ситуација во која веќе немавме контрола. Како да влеговме во некоја динамика од типот, „Добро е“. Не дадовме уште еден гол, не го затворивме натпреварот со 3-0 или 4-0, но си велевме „Готово е““.

„Мене ми личи на… не знам дали е вистинскиот збор, но како да го бираме полесниот пат“.

„Добра работа е што, кога ќе се појави тешкотија, тимот реагира и победува, а тоа е најважно“.

„И, на крајот, добро е што никој не се досадува гледајќи ги натпреварите на Реал Мадрид, бидејќи тие се навистина многу интересни и забавни“.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×