Вистинска драма имаше на мечот меѓу Елче и Реал Мадрид кој кралскиот клуб го доби со 2-3, благодарение на гол на Еспи во судиското продолжение.
Реал Мадрид имаше доминантен старт на мечот. Поведе со автогол на голманот Дитуро во 25. минута. Арда Ѓулер изведе слободен удар, топката ја погоди стативата и се одби од голманот, по што заврши во неговата мрежа.
Само осум минути подоцна веќе беше 2-0. Диоманде асистираше до Мбапе кој постигна гол.
Во првиот дел Реал Мадрид промаши уште неколку шанси, а им беше поништен и гол поради офсајд.
Реал Мадрид во второто полувреме влезе како веќе да го добил натпреварот, а таквата опуштеност ја искористија домаќините за да создадат драма.
Во 71. минута Осорио даде гол со глава и намали на 1-2. Елче се врати во игра.
12 минути подоцна Нино постигна гол и израмни на 2-2. Шок за Реал Мадрид.
Во последните минути Мурињо фрли се на една карта ставајќи ги Еспи и Ендрик во игра.
По една акција и несебична асистенција на Мбапе, токму Еспи даде гол за победа на Реал Мадрид од 3-2.
Исклучително тешка победа на Реал Мадрид кој во следното коло игра големо дерби против градскиот ривал, Атлетико.
🚨🇪🇸 CARLOS ESPI HAS WON IT IN THE 91ST MINUTE FOR REAL MADRID! 🤯🤯
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 15, 2026
Elche 2-3 Real Madrid.pic.twitter.com/OJmsPKFO1T