Нов неуспех на Тотнем оваа сезона, овојпат клубот од Северен Лондон загуби на гостувањето кај Енфилд со 1-3 и го заврши настапот во Лига Купот, Арсенал со 4-2 славеше на гостувањето кај Ипсвич.
Резултатот на дербито беше отворен во 21. минута кога Мекалистер постигна прекрасен гол за водство на Ливерпул од 1-0.
По девет минути игра во вториот дел Гакпо реализираше за зголемена предност на Ливерпул од 2-0.
Во 69. минута Галагер даде гол за Тотнем за поинтересен финиш на мечот. Но до крајот погодок постигна само Ливерпул преку Собослаи за конечна победа од 3-1.
Арсенал лесно се справи со Ипсвич, а ѕвезда на вечерта беше младиот Даумпан кој даде два гола. По еднаш погодија Мадуеке и Мерино.
Беше 4-0, тогаш топчиите ја тргнаа педалата од гас, па Ипсвич даде два гола за конечни 4-2.
Во другите мечеви од Лига Купот кој се играа денеска, Фулам со 3-2 славеше гостинска победа кај Вест Хем, Брентфорд со 2-1 победи кај Рединг.
Петерборо и Барнсли одиграа 3-3 во регуларниот тек. Домаќините победија на пенали.