Интер сериозно ослабен за дербито со Рома

by Стефан
1 минути читање

Во претстојниот викенд во Италија на програмата е големото дерби меѓу Рома и Интер. Двата тима влегуваат во пресметката како единствени непоразени екипи во досегашниот тек од сезоната.

„Нераѕурите“ сепак ќе имаат сериозен проблем пред важниот дуел. Хакан Чалханоглу се повреди на последниот тренинг и најверојатно нема да биде подготвен за натпреварот во Рим.

Сè уште нема официјална информација за тежината на повредата и колку време турскиот репрезентативец ќе биде надвор од терените. Сепак, првичните проценки се дека нема да успее да се опорави за само неколку дена.

Поради повредата, под знак прашалник е и настапот на Чалханоглу за репрезентацијата на Турција во претстојните натпревари од Лигата на нации.

Натпреварот меѓу Рома и Интер ќе се игра в сабота со почеток од 18:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×