Белград би требало да биде домаќин на големото финале во Лига Европа во 2029 година, објавува „Спорт Клуб“, повикувајќи се на информации дека одлуката веќе е донесена од Извршниот комитет на УЕФА на состанокот во Солун.
Според најавите, финалниот натпревар ќе се игра на 23 мај 2029 година на новиот Национален стадион во Белград. Иако изградбата на објектот беше проследена со одредени застои, проблеми и отпори, УЕФА наводно дала зелено светло српската престолнина да го организира финалето.
Новиот Национален стадион треба да има капацитет од околу 52.000 гледачи. Првичните планови предвидуваа неговата изградба да биде завршена во текот на 2027 година, но според последните проценки, објектот би требало да биде готов на почетокот на 2028 година.
Во истата 2029 година според највите финалето во Лигата на шампионите пак ќе се игра на реконструираниот „Камп Ноу“ со капацитет од 105.000 гледачи.
По завршувањето на реконструкцијата, стадионот на Барселона би требало да има капацитет од околу 105.000 места.