Еден фудбалер им пркоси на Мбапе и Ламин Јамал: Ги немате титулите што јас ги освоив!

by bojan
1 минути читање

Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ, Фабијан Руиз смета дека и тој има што да каже кога е во прашање трката за „Златната топка“ и потсети дека е единствениот што може да се пофали со триумф во Лигата на шампиони и Светското првенство.

Килијан Мбапе и Ламин Јамал изминативе денови отворено говореа дека ја заслужуваат престижната „Златна топка“, и Французинот и Шпанецот ги дадоа своите аргументи зошто треба да бидат прогласени за фудбалер на годината.

На оваа тема сега се огласи и Фабијан Руиз, кој има своја математика и вели дека ако се зборува за освоени трофеи, никој немал подобра сезона од него, тој е единствениот што ја освои и Лигата на шампиони, и Светското првенство.

„На гласачите е да одлучат каде ќе завршам во изборот за „Златната топка“. За мене најважно е секогаш да бидам максимално посветен на тимот, но секако дека сакам да бидам и меѓу најдобрите“ – вели фудбалерот од средниот ред на ПСЖ и Шпанија.

„Минатата година бев меѓу 30. номинирани и завршив на 24. место, па се надевам дека годинава ќе бидам уште повисоко“.

На прашањето дали има фудбалери кои имале подобра сезона од него, тој вели: „Ако зборуваме за освоени трофеи, тогаш одговорот е НЕ. Но, индивидуално има многу врвни играчи кои имаа фантастична сезона и нивниот квалитет е неспорен. Конкуренцијата е голема и има многу кандидати“.

ФОТО: X/Paris Saint-Germain

Можно е и ова да ти се допаѓа

×