187
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се запиша во листата на стрелците во победата на Погон Шчечин над Виечиста Краков со 2-0 во полското првенство.
Се играше 60-тата минута кога Чурлинов блесна и го постигна еден од најатркативните голови од почетокот на сезоната во Полска. Македонецот со одличен дриблинг се ослободи од противничкиот чувар, а потоа упати силен и прецизен удар кој голманот на Виечиста не успеа да го запре.
За Чурлинов ова е втор погодок сезонава по пет одиграни кола во најсилната полска лига. Погон, пак, со новата победа стигна до 12 освоени бодови.