Спектакл на „Ла Бомбонера“, за прв пат Меси и Роналдо ќе играат заедно!

by bojan
1 минути читање

Карлос Тевез откри дека Лео Меси и Кристијано Роналдо кончено ќе играат заедно, двајцата големи ривали ќе бидат дел од истиот тим на прошталниот натпревар на популарниот „Ел Апаче“.

Крајот на годината може да донесе историски момент, Лео Меси и Кристијано Роналдо за прв пат да заиграат заедно.

Карлос Тевез откри дека добил согласност од Лео Меси и Кристијано Роналдо да играат еден покрај друг на неговиот проштален натпревар, кој треба да се организира на „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес во декември месец.

„Отсекогаш ми беше голема желба да ги видам Кристијано и Лео заедно во ист тим. За мене, тие се двајцата најголеми фудбалери во историјата“ – вели популарниот „Ел Апаче“.

„Стапив во контакт со нив, разговарав особено со Кристијано. Му реков, „Кристијано, сакам ти и Лео да заиграте заедно на мојот проштален натпревар. Сакам целиот свет барем еднаш да ја види таа магија на едно место“. Тој ми вети дека ќе дојде. Не беше тешко да го убедам ниту Лео. И двајцата ја прифатија мојата идеја. Едвај го чекам тој момент. Овој натпревар ќе биде навистина емотивен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×