Екипата која ја предводи македонскиот стратег Југослав Тренчовски со убедливи 3-0 го победи Гросупље во Словенечката лига, а еден од стрелците беше и нашиот напаѓач Димитар Митровски.
Митровски го отвори резултатот, погоди во 27. минута за 1-0. Останатите два гола беа постигнати во второто полувреме.