212
Алберт Риера го одбра македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров за еден од фудбалерите на кои ќе смета за настапите во Конференциската лига.
Гаштаров не беше дел од натпреварите во квалификациите, но доаѓањето на Риера го промени статусот на Македонецот.
Нашиот фудбалер најпрво доби шанса во стартниот тим на Црвена звезда на натпреварите од српското првенство, а со одличните игри ја освои довербата на тренерот и ќе настапува и во Конференциската лига.
Пред неколку дена македонскиот селектор, Гоце Седлоски најави дека Гаштаров ќе биде повикан за мечевите од Лигата на нации.