Легендата на Милан со нови критики: Рамош беше платен прескапо, далеку од квалитет кој може да направи разлика

by bojan
1 минути читање

Легендата на „росонерите“, Звонимир Бобан смета дека е Гонсало Рамош е преплатен и далеку од квалитетен напаѓач кој може да направи разлика и да го промени текот на натпреварот.

Милан по подолго време го одврза ќесето и инвестираше преку 150 милиони евра на засилувања, а го сруши и сопствениот трансфер рекорд откако одвои околу 75 милиони евра за ангажман на Гонсало Рамош од ПСЖ.

Но Звонимир Бобан не е многу импресиониран, смета дека Португалецот е прескапо платен.

„Милан веќе со години не функционира како што доликува на Милан. Не гледам никаков напредок, освен храброст и желбата да се игра офанзивен фудбал. Минатата сезона загубија од Каљари затоа што практично цела година играа дефанзивно. Кога требаше да покажат карактер и да го преземат натпреварот во свои раце, тие не успеаја да го доминираат“ – вели Бобан, кој ретко упатува пофални зборови за својот клуб откако во јануари 2020 година на турбулентен начин си замина од Сан Сиро.

„Рамош беше платен прескапо, иако добро се снаоѓа пред голот и има одличен инстинкт за постигнување голови. Сепак, далеку е од квалитетот кој може да направи разлика и да го промени текот на натпреварот“.

„Од друга страна, навистина ме трогна приказната на Сисе, момче кое од ништо стигнало до тука благодарение единствено на својот талент“.

ФОТО: X/AC Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×