„Спарси“ решија да го изостават Ришарлисон од составот кој е пријавен за настап во Премиерлигата, па напаѓачот ризикува да дреме на трибини доколку не пронајде нов клуб во следниот период.
Ришарлисон минатата сезона беше најдобар стрелец на Тотнем во Премиерлигата со 11 погодоци, но Бразилецот сега падна во втор план откако „спарси“ донесоа неколку офанзивни засилувања.
Напаѓачот во последните денови од преодниот рок се поврзуваше со враќање во Евертон како дел од зделката со која Илиман Ндиаје требаше да се пресели во Северен Лондон, но трампата пропадна во последен момент.
Па Ришарлисон сега ризикува да дреме на трибини откако не се најде на списокот од 25 фудбалери пријавени за настап во Премиерлигата.
Трабзонспор пројавува интерес за неговите услуги, се говори дека Мо Салах и Фабињо лично му се јавиле на Ришарлисон да го убедат да им се приклучи во Турција, но понудата е вредна 20 милиони евра, а Тотнем бара 40 милиони.
Плус нема многу време за реализирање на трансфер, преодниот рок во Турција завршува вечерва.
Саудиска Арабија исто така е опција, во минатото неколку клубови го имаа Бразилецот во својот бележник, но тој не беше заинтересиран за една ваква авантура.