Влаховиќ „удри“ по Јувентус: Три години лаги за продолжување на договорот со Јувентус!

by bojan
2 минути читање

Душан Влаховиќ реши да проговори за заминувањето од Торино, вели дека три години се ширеле лаги за продолжувањето на договорот со Јувентус, и конкретни преговори имало само минатата сезона.

Душан Влаховиќ ова лето како слободен играч во напушти Јувентус откако двете страни не најдоа заеднички јазик за продолжување на договорот.

Србинот во последната сезона во Торино имаше плата од 12 милиони евра по сезона, сума која „старата дама“ не помислуваше да му ја даде за нова соработка.

Напаѓачот беше подготвен за одреден компромис, но на крајот проблем направија бонусите за потпис и провизијата, па тој беспари си замина и се пресели во Бешикташ.

„Последната година беше навистина тешка. Почнав на клупата поради добро позната причина, имав само уште една година до договорот. Според мене, тоа беше единствената причина поради која не бев стартер. Секако, пристигнаа и двајца нови напаѓачи, но ја прифатив својата улога и продолжив да работам“ – вели Душан Влаховиќ.

„Имаше огромен притисок од јавноста, медиумите и навивачите. Ги разбирам навивачите, тие читаат она што им се сервира. Но три години се пишуваше дека јас одбивам да го продолжам договорот и дека не сакам да разговарам со Јувентус. Тоа не е вистина!“

„До минатата сезона немав никакви конкретни разговори со раководството за нов договор. Имаше само муабети дека „треба да разговараме“ или дека можеби треба да потпишам нов договор, но никогаш не седнавме на маса за конкретни преговори“.

„Последниот пат кога разговаравме, не успеавме да постигнеме договор. Многу се зборуваше дека јас барам различни услови, а целиот тој притисок многу ми пречеше, бидејќи јас ја знам вистината и знам што навистина се случи“.

„Дали би го нарекол тоа заговор? Не, мислам дека ова се нормални работи што се случуваат во фудбалот, особено кога играчот има само уште една година од договорот. Но како што реков, цели три години се пишуваше дека јас одбивам да ја продолжам соработката и дека не сакам да разговарам со клубот за нов договор, а вистината е сосема друга, немаше никакви конкретни разговори со клубот за продолжување на договорот“.

Србинот потоа додаде: „Договорот ми истече на 30. јуни и станав слободен играч. Во Јувентус поминав четири ипол прекрасни години. Тоа е огромен клуб со фантастични навивачи и со посебно значење во светскиот фудбал. За мене беше огромна чест да го носам дресот на Јувентус, да играм, да постигнувам голови и да го претставувам клубот. Им благодарам на сите во клубот и на навивачите. Жал ми е што немавме повеќе можности да се бориме за трофеи, но верувам дека Јувентус многу брзо ќе се врати на патот на успехот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×