ФФМ ја казни Шкендија Арачиново, отворени постапки против Македонија Ѓ.П и Шкупи

by Стефан
1 минути читање

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе нови одлуки по последната седница, а највисока парична санкција заработи Шкендија Арачиново. Клубот ќе треба да плати 2.500 евра поради пропусти во организацијата на натпреварот.

Шкендија Арачиново е казнета поради фрлање предмети на теренот, присуство на неовластени лица во службените простории, но и вербален напад врз главниот судија.

Суспензија заработи и фудбалерот на Тиквеш, Лавал Емануел. Поради црвениот картон кој го доби на натпреварот против Вардар, тој нема да има право на настап на следните три средби.

Дисциплинската комисија отвори постапки и против два клуба од Втората МФ, Македонија ЃП и Шкупи.

„Лавовите“ се соочуваат со дисциплинска постапка поради пропусти во организацијата на натпреварот со Пелистер во третото коло. На средбата биле користени пиротехнички средства, а биле фрлани и предмети на теренот.

Постапка е поведена и против Шкупи 1927 поради фрлање предмети за време на дуелот со Тетекс, исто така во рамките на третото коло од Втората МФЛ.

Во исто време, кондицискиот тренер на Македонија ЃП, Златко Ристов, е санкциониран со едномесечна забрана за вршење функција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×