71
Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски, наскоро би требало да биде промовиран како ново засилување на Вардар.
Ристовски е слободен играч откако го раскина договорот со Сараево, одлуката паднала да се врати во Вардар.
34-годишниот Ристовски е дете на Вардар, ја мина академијата на црвено-црните и дебитираше за сениорскиот тим, а од таму замина во Парма и ја почна интернационалната кариера.
Се очекува денеска или во наредните денови Ристовски и официјално да биде промовиран како ново засилување на црвено-црните.
Поради неговиот квалитет и лидерски способности треба да биде значајна аквицизија за македонскиот тим.