Јувентус го потврди првото од двете премиерлигашки засилувања

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Јувентус го потврди ангажманот на Сенегалецот, Папе Матар Сар кој пристигнува од редовите на Тотнем.

23-годишниот фудбалер, кој кон крајот на овој месец ќе наполни 24 години, пристигнува во Торино од Англија со богато европско искуство.

Сар ја започна кариерата во родниот Сенегал, а потоа се пресели во француски Мец. Токму таму брзо го привлече вниманието и се најде на радарот на голем број европски клубови. Во 2021 година потпиша за Тотнем, но една сезона остана во Франција како позајмен играч.

Станува збор за динамичен и разноврсен играч за врска, кој се одликува со физичка сила, но истовремено носи квалитет и интензитет во двете фази од играта. Сар стекна големо искуство во Англија и запиша повеќе од 100 настапи во Премиер лигата за Тотнем. Беше дел и од тимот на лондонскиот клуб кој во сезоната 2024/25 ја освои Лигата на Европа.

На репрезентативен план, Сар стана еден од клучните играчи на Сенегал, а имаше значаен придонес и во освојувањето на Африканскиот куп на нации во 2022 година.

Следен трансфер кој се очекува во секој момент Јувентус да го потврди е Ник Волтмаде кој доаѓа од Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×