Португалскиот фудбалер за врска и голема ѕвезда на ПСЖ, Жоао Невеше се најде во центарот на вниманието поради автомобилот со кој се појави на еден од тренинзите во францускиот гигант.
Станува збор за комбе од 2021 година, кое на пазарот за половни возила може да се најде за околу 8.000 евра. Особено е интересно што португалскиот репрезентативец заработува околу 175.000 евра неделно.Тоа значи дека Невеш годишно од фиксната плата заработува околу девет милиони евра, а со бонусите сумата достигнува и до 10 милиони евра.
Снимката од неговото пристигнување брзо се прошири на социјалните мрежи. Невеш застана кај навивачите кои беа собрани пред тренинг-центарот на ПСЖ, им подели автограми, а потоа продолжи со возењето во комбето.
João Neves est arrivé au Campus PSG… en camionnette utilitaire. 😂🚛🇵🇹 pic.twitter.com/VRgJloy6Yk
— Le Meilleur du PSG (@LMDPSG) August 31, 2026