63
Манчестер сити продолжува со засилувањата во летниот преоден рок. „Граѓаните“ официјално го потврдија ангажманот на бразилскиот крилен напаѓач Алан Елијас, кој пристигнува од Палмеирас.
Елијас стави потпис на петгодишен договор со англискиот гигант, а трансферот е вреден 40 милиони евра. Бразилецот е шесто засилување за Сити во текот на ова лето, по Елиот Андерсон, Буади, Детурбе, Монге, Рули и Чарлс.
На „Етихад“ Елијас пристигнува да го пополни местото на својот сонародник Савио, кој летово го напушти Манчестер и кариерата ќе ја продолжи во Тотнем.