Сараево донесе одлука да го прекине договорот со младиот голман Вељко Вучетиќ, откако неговиот татко на социјалните мрежи објавил фотографија од Ратко Младиќ.
Таткото на Вучетиќ објавил фотографија од Младиќ додавајќи и текст:
„Фала ти за сè, Генерале“.
Објавата брзо стигнала до раководството на клубот, по што во Сараево било одлучено Вучетиќ да биде отстранет од Академијата.
Од клубот официјално потврдија дека младиот голман повеќе нема да биде нивен член.
„Академијата на Сараево ја известува јавноста дека Вељко Вучетиќ од денеска повеќе не е нејзин член“, соопштија од клубот.