Срамна сцена: Возрасен навивач на Ливерпул украде дрес од детенце (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во вчерашниот натпревар на Ливерпул на „Енфилд“ против Нотингем Форест (2-2) беше забележана сцена која предизвика реакции во англиската јавност.

Александер Исак, кој го постигна првиот гол за Ливерпул, по последниот свиреж се упати кон тунелот, но пред да замине сакаше да израдува еден млад навивач и му го подари својот дрес. Наместо детето да си замине со незаборавен сувенир, следуваше шокантна реакција. Возрасен човек кој стоеше веднаш до него без никакво двоумење го грабна дресот од рацете на детето и си го присвои.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×