Интер Мајами конечно победи, хет-трик на Меси! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Интер Мајами со 7-1 го победи Монтреал во МЛС и ја прекина серијата без триумф која траеше дури пет натпревари, три од погодоците беа дело на Лео Меси.

Касемиро го отвори резултатот по 20 минути игра, но во 37. минута Херберс изедначи на 1-1. Сепак две минути подоцна гостите си постигнаа автогол и Интер Мајами го врати водството, овојпат од 2-1.

Во вториот дел Интер Мајами даде дури пет голови, трипати погоди Меси, еднаш Суарез и еднаш Шо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×