Алварез низ солзи барал Атлетико да го пушти во Барса, покажал и медицинската потврда – страдал од депресија!

by Стефан
1 минути читање

Сагата околу Хулијан Алварез и Атлетико Мадрид продолжува да се продлабочува. Аргентинскиот напаѓач и понатаму инсистира на трансфер во Барселона, додека „јорганџиите“ категорично одбиваат да го испратат во редовите на еден од најголемите домашни ривали.

Алварез, според информациите од Шпанија, сака единствено преселба на „Камп Ноу“. Уште на почетокот на подготовките тој одбиваше да тренира со тимот, обидувајќи се на тој начин да издејствува заминување. Атлетико во меѓувреме прифатил понуда и од Арсенал, но Аргентинецот не сака трансфер во Премиер лигата.

Ситуацијата сега добива нова димензија. Алварез во клубот се појавил со лекарска документација во која, наводно, стои дека се соочува со депресија.

Според неофицијални информации од Шпанија, Алварез имал жесток разговор со челниците на Атлетико, при што, наводно, во солзи им порачал дека би избрал и пензија наместо да прифати, како што самиот го доживува, уценување од клубот.

Во текот на разговорот, Аргентинецот наводно доживеал нервен слом и напад на паника. Дополнително, тој им соопштил на клупските челници дека повеќе нема намера да го облече дресот на Атлетико, иако неговиот договор со мадридскиот клуб е со важност до 2030 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×