Договорен трансферот на Мартинез, ќе брани за друг премиерлигаш

by Стефан
0 минути читање

Емилијано Мартинез и дефинитивно ќе ја напушти Астон Вила, а кариерата аргентинскиот чувар на мрежата ќе ја продолжи во Челси.

Според последните информации, сите страни се договориле за трансферот, па останува уште официјално да биде потврден потписот.

Астон Вила претходно го ангажираше Зион Сузуки, очекувајќи дека Мартинез ќе се пресели во Јувентус. Сепак, договор со италијанскиот гигант не беше постигнат, по што аргентинскиот голман започна потрага по нова средина.

Мартинез експресно пронајде нов клуб, па кариерата ќе ја продолжи на „Стемфорд Бриџ“. Челси за неговиот трансфер ќе издвои 7,5 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×