Борац си обезбеди европска есен, Херера стрелаше од слободен удар

by Стефан
1 минути читање

Борац Бања Лука обезбеди место во лигашката фаза од Конференциската лига, откако и во реваншот беше подобар од Викингур со 3-1. Босанскиот претставник така со идентичен резултат славеше и на двата натпревари и заслужено го продолжува европскиот пат.

Голема заслуга за успехот има и македонскиот репрезентативец Себастијан Херера. По асистенцијата за првиот гол на Борац во првиот натпревар, Херера вечерва повторно одигра важна улога, овојпат запишувајќи се и во листата на стрелци.

Викингур поведе во 16. минута по автоголот на Хреља, но Борац одговори во второто полувреме. Во 55. минута Херера мајсторски изведе слободен удар и го израмни резултатот.

До крајот домаќините направија целосен пресврт. Јурќиќ погоди за 2-1, а Џајиќ во продолжението стави точка на натпреварот за конечни 3-1.

Вториот македонски репрезентативец во составот на Борац, голманот Дамјан Шишковски, целиот натпревар го проследи од клупата за резервни фудбалери.

Место во Конференциската лига вечерва обезбедија уште и Лугани на Езѓан Алиоски и Аталанта на Елиф Елмас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×