Неверојатно: Манчестер Сити ова лето инкасираше преку 300 милиони од продажба на резерви!

by bojan
1 минути читање
Манчестер Сити

„Граѓаните“ ова лето ја наполнија клупската класа без притоа да се откажат од главните играчи, инкасирани се преку 300 милиони евра од продажба на резерви.

Откако Манчестер Сити премина во рацете на Шеикот Мансур, клубот од „Етиахд“ почна да важи за клуб кој се расфрла со пари и троши како никој друг.

Но ова лето, „граѓаните“ испишуваат рекорди кога се во прашање продажбите и можат да инкасираат како никој друг клуб претходно.

И што е најважно, клупската каса ќе биде наполнета без Манчестер Сити да се откаже од главните играчи.

Клубот од „Етихад“ ќе „лапне“ преку 300 милиони евра од продажба на резерви, на врвот е Савињо, за кого Тотнем ќе плати 100 милиони евра сосе бонуси.

Ал Кадсија за Тиџани Рејндерс плати 61 милион евра, додека Њукасл одвои нешто 60 милиони евра сосе бонуси за Нико Гонзалез.

Голманот Џејмс Трафорд се сели во Лидс во зделка вредна околу 52 милони евра сосе бонуси, Нејтан Аке беше продаден на Фенербахче за околу 8 милиони евра, додека пак Интер реши во целост да го купи Мануел Аканџи за 15 милиони евра.

Последниот на оваа листа е Омар Мармуш, кој првично ќе замине на позајмица, но Тотнем ќе има обврска во целост да го купи за 70 милиони евра сосе бонуси.

Доколку се соберат сите овие суми, се стигнува до бројката од 366 милиони евра, односно околу 330 милиони евра како загарантирани, и 36 милиони евра во бонуси.

На оваа сума, Манчестер Сити ќе добие и 60+17,5 милиони евра за Родри, кој е единственит стартер кој беше продаден ова лето, Шпанецот потпиша со Барселона.

Што значи дека „граѓаните“ ќе инкасираат преку 400 милиони евра, сума со која ниту еден друг клуб не може да се пофали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×