Најголемиот трансфер ова лето, Ливерпул го договори Баркола

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори пренесуваат дека Ливерпул и ПСЖ начелно постигнале договор за трансфер на Бредли Баркола, се работи за зделка вредна околу 120 милиони фунти (околу 140  милиони евра).

„Црвените“ се на добар пат да го реализираат најголемиот трансфер ова лето, по долги преговори, конечно е направен значаен чекор кон ангажман на Бредли Баркола.

Голем број на извори утрово пренесоа дека Ливерпул и ПСЖ начелно постигнале договор за трансфер вреден околу 120 милиони фунти (околу 140 милиони евра).

Се верува дека фиксната сума ќе биде околу 100 милиони фунти, додека бонусите ќе изнесуваат 20 милиони фунти, двата клуба сега ги пеглаат деталите од зделката.

На почетокот од летото, ПСЖ постави цена од околу 170 милиони евра (околу 145 милиони фунти), но очигледно мораше да направи компромис за да се реализира трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×