Од таборот на Атлетико Мадрид жестоко реагираат по последните коментари на Жоан Лапорта и изјавата на претседателот на Барселона дека тие и понатаму се заинтересирани за ангажман на Хулијан Алварез.
Атлетико Мадрид останува на својот став дека нема да го продадат Хулијан Алварез на Барселона ова лето.
Клубот од „Метрополитано“ попладнево жестоко реагираше по коментарите на Жоан Лапорта, и изјавата на претседателот на Барса дека тие и понатаму се заинтересирани за ангажман на Аргентинецот.
„Остануваме заинтересирани и сакаме нашата понуда да биде прифатена. И ова го правиме со целосна почит кон Атлетико Мадрид. Доколку тие се подготвени да го продадат ова лето, ние сме подготвени да го купиме, секако доколку ја прифатат понудата што ја доставивме“ – вели Жоан Лапорта.
Тој потоа откри дека лично разговарал со колегата Мигел Анхел Хил Марин и го известил за понудата, но добил одговор дека Аргентинецот не е на продажба.
„Деко и јас сметавме дека, ако Атлетико не сака да го продаде, најдобро е да ги ставиме работите во мирување. Но што се случи? Добивме информации дека Атлетико преговара со други клубови за играчот“.
„Па ние и понатаму сме присутни со нашата понуда, и како што сите знаат, играчот сака да се пресели во Барса. Целата ситуација создаде многу врева но тоа не поради нешто што направила Барса“.
„Сакам да повторам, и понатаму сме заинтересирани и нашата понуда се уште важи. Таа ќе остане на маса доколку Атлетико одлучи да го продаде играчот“.
Но овие коментари очигледно само ќе ги затегнат односите помеѓу двата клуба.
Извори од Атлетико брифираа: „Играчот се претставува како жртва, но единствени жртви во случајот со Хулијан сме ние. Не оштетија финансиски, а ни го нарушија и имиџот. Нема никаква шанса да го продадеме на Барса. Не се во прашање парите, во прашање е достоинство!“.
Тие додаваат: „Создадена е кампања полна со лаги и полувистини, и единствениот кој ги носи последиците е Атлетико“.
ФОТО: X/Atlético de Madrid