Винисиус му се налути на Ѓулер затоа што му додаде на Мбапе: Дај ми една топка, секогаш исто…(ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид во второто коло од Примера славеше над Еспањол со 2-1, а победата на „Кралевите“ им ја донесе засилување од Леванте, Еспи кој погоди во финишот од натпреварот.

По натпреварот на социјалните мрежи се појави интересен момент од дуелот во Барселона, а во центарот на вниманието беше Винисиус Жуниор.

Бразилецот неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид, но на овој меч покажа незадоволство откако Арда Ѓулер не му додаде една топка.

Турскиот фудбалер во таа ситуација реши да го проигра Килијан Мбапе, што воопшто не му се допадна на Винисиус.

„Арда, Арда, додај ми еднаш топка, секогаш истото“, нервозно му порача Бразилецот на својот соиграч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×